Пратениците на EPP го променија деловникот, Фидес излегува од пратничката група

Пратеничката група на центристичката Европска народна партија (EPP) ја поддржа во средата со мнозинство од гласовите предлогот за промена на деловникот кој овозможува полесно исклучување на некои од националните пратенички групи, на што унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека неговата партија Фидес ја напушта оваа пратеничка група.

Пратениците во Европскиот парламент од Европската народна партија со мнозинството гласови 148 „за“, 28 „против“ и 4 воздржани, го прифатија предогот на водачите на пратеничката група, кој беше договорен минатата седмица.

Против промените гласаа претставниците на Словенечката демократска партија (SDS) на премиерот Јанез Јанша, кој е еден од големите сојузници на унгарскиот колега по должност Виктор Орбан. По гласањето, медиумите во Брисел кои се занимаваат со состојбите во Европската унија, пишуваат дека словенчката SDS и Јанша сега стануваат „новата црна овца“ во редовите EPP.

Промената на интерните правила сега ѝ овозможуваат на пратеничката група поголема автономија во санкционирањто на поединечните национални пратенички груп, како алатка за притисок при противања. Според досегашните правила, пратеничката група можеше да санкционира поединец од политичката групација, но не и целата национална пратеничка група, а тоа овластување го имаше само водството на партијата EPP.

По овие промени на интерните правила, се очекува дека наскоро на дневниот ред ќе беше поставено санкцинирањето на пратенициет на унгарската владејачка партија Фидес, којашто како и полската владејачка Право и справедливоста (PiS), веќе подолго време се предмет на критики за наводни кршења на европските вредности и владеењето на правото.

И без да чека тоа да се случи, како и што најави минатата седмица, унгарскиот премиер Орбан одлучи дека 11-те пратеници на Фидес ќе ја напуштат пратеничката група на EPP. Орбан тогаш во писото до претседателот на пратеничката група на EPP, Германецот Манфред Вебер, не наведе дали ќе ја напушти и партијата EPP, каде што ѝ е суспендирано членството.

Менувањето на правилата би водело до „правно проблематично суспендирање на нашите избрани пратеници во групата на EPP“, наведе во дописот на Орбан. „Доколку Фидеш не е добредојден, тогаш не се чувствуваме обврзани да останеме и во пратничката група“, порача унгарскиот премиер.

Претседателот на EPP, Доналд Туск, кој ја нема поддршката од неговата матична земја Полска, веќе долго време е во судир со партиите кои покажуваат суверенистички тенденции, ставајќи ги како приоритет националните интереси пред колективните во ЕУ, кои ги одредуваат бирократите во Брисел. Членството на владејачката унгарска партија во EPP е суспендирано од 2018 година поради несогласувањето на владата во Будимпешта со одреден политики, во прв ред со имиграциските политики на технократскиот естаблишент во Брисел.