Поради немање кворум и присуство на само 59 пратеници, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата на која треба да се расправа за ребалансот на Буџетот и даде пауза до 11 часот.
Пратениците требаше да се изјаснат по предлог-измените на Законот за култура што на почетокот на седницата ги образложи ресорниот министер Роберт Алаѓозовски.
Собраниската расправа за ребалансот на Буџетот може да трае пет дена.