Пратениците на СДСМ ги вртија мандатите во Собранието

Пратениците од опозицијата кои добија мандат по последните парламентарни избори денеска доставија свои оставки до Собранието.

Според претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев мандатот го вратиле 33 пратеници, освен Роза Топузова – Каревска за која Заев смета дека се уште има можност да се предомисли и да го врати мандатот.Заев потенцираше дека со ова се испочитувале одлуките на органите и телата на партијата.

„Сите 33 пратеници денеска ги поднесоа оставките до Собранието.Со ова покажавме дека никој опозицијата не може насилно да ја внесе во Парламентот. Според закон, после три дена ДИК ќе ги извести останатите пратеници на листата. Но сите 119 пратеници потпишаа изјава на нотар за неприфаќање на мандатите,“ изјави Заев.

Тој најави дека опозициската СДСМ заедно со коалициските партнери формирале платформа преку која ќе дејствуваат и ќе вршат притисок врз власта надвор од инситуциите. И чинот на поднесувањето на денешните оставки го смета за своевиден притисок врз власта.Тој повика во оваа платформа да се вклучат сите оние кои преку својот начин на дејствување ќе создадат, како што изјави, нормална и слободна земја.

На новинарско прашање кога би можеле да се одржат нови избори, Заев одговори дека со оваа влада тоа е непредвидливо.

„Оној момент кога ќе се создадат минимум услови за изразување на слободната волја на граѓаните, кога ќе има нормална земја во која ќе владеат слободата и демократијата. Кога не ги признавме изборните резултати, ние прецизно ги наведувме нашите барања за создавање на демократски услови за избор,“ потенцираше Заев.

Запрашан за последиците од не учеството на опозицијата во Парламентот, од страна на ЕУ во нивните извештаи како и за претстојниот самит во НАТО, Заев одговори дека за тоа исклучиво е виновна власта.

„Единствен непријател на интегративните процеси на државата во ЕУ и НАТО е Владата. Ние покажавме доблест за демократско решавање на работите со тоа што учествуваме во комисиите за разрешување на настаните од 24 декември и за донесувањето на Изборниот законик. Дадовме доволно шанса за освестување,“ изјави Заев.