Пратниците на владејачката СДСМ паднаа во екстаза откако во средата во скопскиот се реализираа најавите за затворски казни за случајот „Тенк“ и судијката Добрила Кацарска пресуди две години казна затвор за поранешниот премиер Никола Груевски за набавката на блиндираниот „Мерцедес“, изразувајќи го на своцијалните мрежи своето одушевување од ваквиот исход во случајот за кој и независните правни експерти велат дека не гледаат случај.
Така, поранешниот „шарен револуционер“ сега пратеник на СДСМ Павле Богоевски напиша:
„Две години за Груевски. Максимална казна за ова дело е три. Аирлија Ники! Аирлија, друштво!!!“.
Неговиот сопартиец Мухамед Зекири, пак, покажува „духовитост“ и неразбирлива алузија на пресудата на Кацарска и празникто на една етничка заедница во земјава.
„Доби ситно само 2 години, благодарение на Власите. Среќен 23 мај меѓународниот ден на Власите“, напиша Зекири.
Има и такви кои бараат и коалицискиот партнер на премиерот Зоран Заев, челникот на ДУИ, Али Ахмети, да одговара пред судот
„Не сум навикнат да се радувам за работи кои не се цели, без Ахмети да го видиме на клупата како чека пресуда нема да има правда. Стварно не е фер, били и за Груевски да се работи, зарем сам беше 11 години во сите криминалии, како мое нив да ги гонат, а ортакот да го наградуваат. Барам рамноправна застапеност, ги барам моите права како Албанец и моеите криминалции арамии да се судат….“, пишува меѓу другот Али Кадриу.