20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на средба со пазарџиите

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ денес остварија средба со повеќе заинтересирани и засегнати страни од настанатата ситуација со Законот за трговија на зелени пазари.

На средбата со пазарџиите, организаторите на зелените пазари, Стопанската комора на Македонија и Комората на трговци, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ги повторија своите ставови и заложби за укинување на постоечкиот Закон за трговија на зелени пазари.

Според пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предлогот за одложување на примената на законот е ветување кое има за цел да го намали револтот на пазарџиите во пресрет на изборите.

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара одржување на јавна расправа преку која заедно со сите засегнати страни ќе се изнајде фер и достоинствено решеније за пазарџиите.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да се изнајде законско решеније со кое ќе се подобрат условите за работа и функционирање на пазарите, решеније кое ќе биде во интерес на пазарџиите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.