Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ успеаја да го срушат незаконското доделување на 33 милони евра од Владата за Макпетрол

Преќинот на синоќешната седница на Собранието, која треба денеска да продолжи во 11 часот, значи спречување на власта да се донесе законот со кој на Макептрол ќе му се исплтат 33 милиони евра, како што велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, незаконски за гасоводот ГА-МА.

Намерата на власта била по секоја цена доцна во вечерта да се донесе законот, велат од, со кој 33 милиона евра од Буџетот ќе му се исплатат на Макпетрол.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со филибастеринг и долги дискусии успеаја да го одложат донесувањето на законот. Координаторот на пратеничкта група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, по повод овие случувања во Собранието излезе со изјава.

Нервозата кај претставниците на власта беше видлива, па седницата се одвиваше во напната атмосфера.

Џафери на крај ја прекина седницата – соочен со фактите на опозицијата и нервозата кај владејачкото мнозинство. Иако пратениците на Заев во најголем дел не беа во салата.

Од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата претходно обвинија дека за овој Договор меѓу државата и Макпетрол јавноста нема доволно информации и со истиот ќе се направи штета на сметка на државниот Буџет.

Пратениците од опозициската партија рекоа дека во прашање е телевизијата Телма и дека на овој начин Заев го купува влијанието преку подарување на 33 милиона евра од државата за Макпетрол.

„Власата сака на мала врата, без доволно информации и консултација со јавноста, да се изгласа закон со кој ќе му се признае на Макпетрол сопственост од 50% во гасоводот во Македонија и истиот да му се плати по нерелано висока цена од 33 милиона евра, иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18,8 милиони евра“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија прашуваат зошто Владата на Макпетрол сака да му плати екстра 14,2 мил евра?

Зошто Државниот правобранител не сакал да даде дозвола на премиерот Заев да го потпише договорот?

Зошто се оди со закон во Собрание, нешто што никогаш претходно не се случило во историјата на Македонија?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.