Пратениците од СДСМ и ДУИ избегаа, нема кворум за Декларацијата за Гоце Делчев

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска дојдоа во Собранието со маици со ликот на револуционерот Гоце Делчев на седницата на Комисијата за надворешна политика на која предложија да се гласа за Декларацијата што ја поднесоа.

Но, како што пишува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, пратениците од СДСМ и од ДУИ си заминале, поради што немало кворум и не можело да се гласа за Декларацијата.

„Денес на Комисијата за надворешна политика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата предложија да се разгледува Декларацијата за великанот Гоце Делчев, но за жал, присутните колеги од СДСМ/ДУИ побегнаа, за седницата да нема кворум и да не може да се гласа. Ќе ги почекаме, има време до Илинденнапиша Милошоски на својот профил на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.