Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за Законот за заразни болести на 27 октомври

СДСМ лажат дека Законот за заштита од заразни болести предлага мерки за борба против ковид-19 пандемијата, обвинува опозициската ВМРО ДПМНЕ. И покрај одбиеното барање за формирање на нова државна комисија за справување со пандемијата, тие велат дека ќе присуствуваат на седницата на чиј дневен ред ќе биде Закон за заштита од заразни болести, предвидена за 27 октомври, но дека ќе гласаат воздржано за законскиот предлог.

„Ние како ВМРО ДПМНЕ донесувањето на Законот за заштита на населението од заразни болести нема да го кочиме и спремни сме доколку имаат потреба и сакаат да одржат седница да присуствуваме да направиме кворум, нема да го гласаме затоа што не се согласуваме со мерките и политиките што се водат. Еднаш засекогаш ВМРО ДПМНЕ, Наќе Чулев, Гордана Кочовска Димитриевска да не бидат криви, граѓаните да не бидат криви, туку тие што навистина треба да се занимаваат со оваа работа да си ја сфатата серизно обврската и одговорноста која ја имаат по однос на сите мерки и она што го донесуваат како потреба за граѓаните.“, рече Никола Мицевски.

Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, ребалансот на Буџетот и Законот за заштита од дискриминација се очекува да бидат на дневен ред на собраниската седница закажана за 27 октомври.

„Да, беше предвиден за 20 на седница да се разгледа доколку ќе носеше одлука собранито за разгледување на предлог законот во скратена постапка онака како што е предложен од предлагачот. На 20 пред седницата пратеничките групи изразија неусогласеност околу проект законот и од таа причина не го поднесов на одлучување пред пртатениците поради разногласието на ставовите пред да почне седницата.“, изјави Џафери.

Со измените на овој закон, ќе се овозможи задолжителна маска на отворено, ограничување на собири по 22 часот, но и ограничување на бројот на гости.

На седницата на 27, доколку се постигне договор меѓу парламентарните партии би можело на дневен ред да биде и избор на Уставен судија. До седницата се очекува да заврши изолацијата на тројцата пратеници кои беа позитивни на Ковид-19 кои според Џафери, се во добра здравствена состојба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.