Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат на седницата за пратенички прашања

Иако според вообичаената практика пратеничките прашања за премиерот и министрите во Собранието се одржуваат последниот четврток од месецот, поради учеството на премиерот Зоран Заев на Светскиот економски форумот во Давос, седницата посветена на оваа институција е закажана за средата.

Седницата требаше да се одржи на 25-ти јануари, но е одложена за 31-ви поради учеството на Заев на собирот во Давос, а и поради тоа што на седницата би можеле да присуствуваат и сите министри.

Според Деловникот за работа на Собранието, прашања на премиерот и министри први треба да им постават пратеници од опозицијата, па потоа од владејачкото мнозинство. На седницата повторно, според најавите,  нема да учествуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.