Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно  нервозата и кавгите во СДСМ ја приморуваат Десковска да оддржува празни пресконференции

Очигледно нервозата, паниката и кавгите кои што владеат во врвот на СДСМ ја приморуваат Рената Дескоска да одржува празни прес конференции и да зборува на теми за кои ниту таа, ниту било кој друг во СДСМ имаат било какви аргументи, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

Очигледно нервозата, паниката и кавгите кои што владеат во врвот на СДСМ ја приморуваат Рената Дескоска да одржува празни прес конференции и да зборува на теми за кои ниту таа, ниту било кој друг во СДСМ имаат било какви аргументи.

Добро познат, смешен и провиден обид на Дескоска да ќари ситни политички поени на сметка на нотарите и извршителите.

Нам, но и на целата македонска јавност ни е совршено јасно дека за Дескоска и СДСМ е тешко сфатливо и тотално непознато тоа што во Република Македонија во изминативе години за вакви или слични позитивни законски решенија секогаш се врши директна консултација со сите засегнати и заинтересирани страни со цел надминување на сите предизвици со кои што се соочуваат.

По се изгледа, на сите им е кристално јасно, освен на Рената Дескоска и врвот на СДСМ.

Уште еднаш повторуваме дека зад ова одложување на примената на измените на Законот за нотаријат и Законот за извршување стојат и целосно се согласуваат и Комората на извршители и Нотарската комора на Македонија, но и граѓаните на нашата држава бидејќи одложувањето на имплементацијата на измените на овие два закони е со цел таа да биде целосно функционална и да помине во најдобар ред.