Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Поплавените жители на Порој до ден денес не видоа никаква помош од државата или премиерот Заев

Сакаме да ја изразиме нашата загриженост од неодговорноста од страна на Владата на Република Македонија и Зоран Заев како и за државните институции поради игнорантскиот однос кој што го имаат спрема жителите на селото Порој, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако ова село пред некое време беше погодено од обилни дожнови кои што предизвикаа големи поплави кои што придонесоа за излевањето на Поројска река, Заев по се изгледа ова село го посети единствено за медиумите да пренесат дека ги посетил овие несреќни жители.

Жителите до ден денес не видоа никаква помош од страна на државата и беа оставени сами да се снаоѓаат како знаат и умеат.

За да биде ситуацијата уште по апсурдна, пред два дена ова тетовско село беше повторно погодено од краткотрајно невреме кое што создаде дополнителни штети за жителите на Порој.

Поради неодговорноста и незаинтересираноста на Зоран Заев и новите партиски директори на СДСМ во државните институции, околу четиристотини куќи во селото се без вода за пиење, а надојдената вода го однела и импровизираниот мост во центарот на селото.

Иако им вети на жителите помош, Зоран Заев и неговата Влада и локалната самоуправа на Општина Тетово со прст не мрднаа за да ги санираат штетите од предходните поплави и токму затоа коритото на Поројска река е повторно наполнето со огромни камења, песок и кал.

Жителите на селото Порој очајно бараат властите да преземат мерки за санација на штетите бидејќи сметаат дека со ваква ситуација и најмалиот следен дожд ќе предизвика уште поголеми и покатастрофални последици.

Како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ сакаме да го потсетиме Зоран Заев дека пред неполн месец на овие луѓе им вети помош. Иако никогаш не ја добија помошта од државата поради лажните ветувања на Заев и посетата која што требаше да биде само покажување на лажна грижа за овие луѓе пред медиумите, овој пат Заев мора да почне да се однесува како одговорен политичар и да обезбеди помош за жителите на ова село, а не да си поигрува со нивните несреќни судбини.

Потенцираме дека предходната Влада која што беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ се соочи со многу пострашни и поопасни временски непогоди и истата деноноќно беше со граѓаните кои што беа погодени и истовремено сите државни институции заедно со Владата беа мобилизирани и делуваа веднаш за расчистување на штетите. Така треба да работи сериозна и одговорна Влада, а не како Владата на Зоран Заев која се занимава само со лажен медиумски маркетинг додека на терен нема никакви резултати и дела, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.