Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наместо да ги одбиваат предложените законски решенија, во преден план да ги стават интересите на граѓаните

210

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ апелираат до СДСМ наместо да се служат со најразни тактики и обиди на секој можен начин да ги одбијат предложените законски решенија од страна на ВМРО-ДПМНЕ, да почнат да се однесуваат конструктивно и во преден план да ги стават интересите на граѓаните, стои во соопштението од пратеничката група.

Имено, преку измените и дополнувањата на Законот за извршување драстични измени се предлагаат во однос на долговите од затезни камати кои што досега ги надминуваа износите и на главниот долг. Со овие измени на законот се предлага овие доглгови од затезни камати односно долгот за извршување во никој случај да не може да го надминува главниот долг. Пратениците на СДСМ на Комисијата на политички системи не го одбија овој закон, но преку амандманите кои што ги поднесоа и си ги прифатија бидејќи имаат мнозинство во комисијата овој закон го направија беспредметен. Преку амандманите СДСМ побараа и прифатија бришење на членот 3 од предлог законот кој што е еден од најбитните членови во текстот на законот односно со овој член се предвидува токму главната цел на измените на законот, а тоа е трошоците или долговите од затезна камата и други долгови поврзани со процесот на извршување да не може да го надминуваат главниот дол, се вели во соопштението од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Со бришењето на овој член од предлог законот, се додава во соопштението, СДСМ класично го искасапија законското решение и го направија беспредметно.

-Законот за извршување во ваква форма повеќе не предвидува драстични измени кои што ги бараат граѓаните. Според нашите анализи овие измени на Законот за извршување ќе опфатат околу 300 илјади граѓани кои што се заглавени во долгови по овој основ. Со амандманите на СДСМ законското решение се претвори во обичен текст кој што ниту решава некакви проблеми, ниту има некаква тежина од правен аспект. Порачуваме до пратениците на СДСМ да ја преиспитаат својата одлука околу Предлог законот за извршување и наместо да го уништуваат законот да ги стават во преден план бенефитите кои што би ги добиле 300 илјади граѓани од измените кои што ги предвидува законот. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ја покажаа својат конструктивност и поддржаа закони на СДСМ пред се бидејќи се работеше за интересите на граѓаните. Истото го очекуваме и ние кога се работи и за Законот за извршување и за законот со кој се предвидува зголемување на плтите во јавниот сектор за 5% и за законот вредносни баучери за студентите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.