Пратеник на владејачката СИРИЗА претпан во напад од радикални десничари

Група од околу 30 лица, радикални десничари, како што самиот тврди, го нападнале пратеникот на владејчката крајно лева коалиција СИРИЗА, Петрос Констандинеас, пред стадионот во грчкиот град Каламата, кусо пред почеток на фудбалски натпревар, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според нивните информации, пратеникот на СИРЗИА по нападот, синоќа, бил пренесен во болница со полесни повреди, а за АНА-МПА изјавил дека за среќа со него не бил и неговиот син. Тој додаде и дека фашизмот нема да помине.

Од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, преку соопштение коментираат дека „фашистите кои го нападнаа пратеникот ќе бидат пронајдени и ќе одговараат за постапките“.

Според грчката новинска агенција, полицијата привела пет лица, а истрагата за нападот е во тек.