Пратеникот Исмаил Јахоски e хоспитализиран на Инфективната клиника со симптоми на коронавирусот

Пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, синоќа бил хоспитализиран на Инфективната клиника, откако имал покачена температура и симптоми на коронавирусот, објави „Zyrtare.net“, повикувајќи се на извори блиски до партијата.

Јахоски пред да седне во Собранието неколку мандати беше градоначалник на општина Пласница.