Пратеникот на СДСМ, Павле Богоевски, во изборната кампања ја вработил партнерката половина година по дипломирањето

Поранешниот ткн „шарен револуционер“ а сега пратеника на владејачката СДСМ, Павле Богоевски, во текот на периодот на одржувањето на претседателските избори, кога сите активности поврзани со вработувања во државните и јавнисте иснтитуции и законски забрането, во Клиниката за гинекологија ја вработил својата партнерка.

Додека за вработување некој чека со години, некој треба да има потребни квалификации, да се полагаат испити, да се биде најдобар во генерацијата, најдобар на изборот, најдобар во анкетата, за некои луѓе поточно за сите оние кои се блиски со високи функционери од моменталната власт тоа како услов не е потребно дури и е вишок, пишува во неделата Вечер.

Дел од последните реакции на премеирот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, беа дека не смее да има партиски вработувања на функционери, на нивни блиски и доколку имало такво нешто истите треба да ги вратат позициите, да си заминат од работните места и да ги ослободат.

Но и покрај тоа, ткн „шарениот peволуционер“ Павле Богоевски, за време на изборниот циклус кога е јасно и дека и по тој основ не cмее да има никакви вработувања, го сторил токму тоа, пишува натаму Вечер.

Токму во овој период „peволуционерот“ Павле, ја вработил својата девојка Александра Михаилова од Штип на ГАК (Kлиникaтa за гинeкoлогиja). Александра, исто како и ќерката на пратеничката од СДСМ, Катерина Кузмановска, има дипломирано на медицинcкиoт факултет ноември/декември 2018 година како општ лекap.

Но, тоа не е проблем Александра Михаилова заедно со Марија Кузмановска и двете да бидат примени на ГАК како општи лекapи иако има голема потреба оваа клиникa од стручни гинeкoлoзи со искуство и двете вработувања да се случат во тек на избори.

Со тоа е прекршен законот, функционерите извршиле злоупотреба на своето влијание, па останува да се одговори на прашањето дали „ќе заигра метлата“ на Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.