Пратеникот Рашиди од АА ќе биде директор на МЕПСО, Абази на Македонски пошти

Пратеникот од Алијанса за Албанците, Сурија Рашиди ќе го замени Орхан Муртезани во директорската фотелја во МЕПСО, пишува „Слободен печат“.

Бујаре Абази, поранешна заменичка на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ќе биде нова директорка на „Македонски пошти“.

Орхан Муртезани го напушта МЕПСО како кадар на Алтернатива која беше „исфрлена“ од владата по влезот на АА.

Абази пак, на директорската позиција ќе го смени Васко Стефанов, откако Алијанса за Албанците стана владин партнер.

Абази е актуелна советничка во Советот на Град Скопје и потпретседателка на Алијанса за Албанците.