Пратеникот Сашо Василевски излегува од куќен притвор со гаранција

На пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски, кој е обвинет во настаните од „27 април“ му се укинува мерката куќен притвор и тој ќе се брани од слобода со гаранција од околу 400.000 евра, дознава Телевизија 24. Неофицијално, одлуката е донесена денеска, а Обвинителството нема да поднесе жалба на оваа одлука и нема да бара продолжување на мерката куќен притвор.

Адвокатот на пратеникот Василевски, Александар Новаковски вели дека решението за ослободување од Кривичниот совет сеуште не го добиле, но дека претходно поднеле жалба и барале ослободување со гаранцијата.

Василевски, кој моментно е на судење во Кривичен суд, не сакаше да коментира ништо поврзано со неговата мерка, ниту, пак, со случувањата во Собрание денеска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.