Пратката контаминирана со коронавирусот во Кина потекнува од Еквадор

Пратката смрзнати шкампи на чиешто пакување е пронајден коронавирус пристигнала од Еквадор, известуваат во средата кинеските државни медиуми, потврдувајќи го новиот случај на откривање на вирусот SARS-CoV-2, по јунскиот кога на најголемиот пазар во Пекинг коронавирусот беше детектиран на даска за сечење лосос од увоз.

Коронавирусот бил откриен на надворешната амбалажа на смрзнати шкампи која ја купил ресторан во градот Вуху во рутинска инспекција, извести кинеската државна телевизија CCTV.

Ресторанот контаминираните производи по купувањето ги складирал во замрзнувач, а сите поврзани производи со оваа пратка во Вуху се запечатени, се додава во прилогот на телевизијата.

Тестирани се работниците, храната и самиот ресторан, како и вработените во компанијата за продажба на големо и членовите на семејствата и резултатите биле негативни. Тестовите се спроведени и во други ресторани кои купиле шкапми од истата компанија.

Информацијата е објавена ден откако властите во пристанишниот град Јантаи во покраината Шандонг на истокот на Кина соопштија дека вирусот е најден на амбалажата на увезени смрзнати морски плодови, без да биде наведено од каде стасала пратката.

Повеќе кинески градови пријавија во јули слични случа, вклутечно и во големите пристанишни градови Ксиамен и Далиан, па кинеските власти го запреа увозот на шкампи од три еквадорски производитела.

Еквадорски функционер за Reuters рекол дека Кина на една од трите компании чии пратки биле ограничени во средата ѝ дала дозвола да продолжи со испораките, откако Еквадор се согласил да го подобри протоколите за транспортот.