Пратката со рицин за Трамп, испратенa од Канада

Пратката која го содржела потенцијално фаталниот отров испратена во Белата куќа и адресирана на американскиот претседател Доналд Трамп е испратена од Канада, објави во саботата весникот The New York Times.

Телевизијата CNN тврди дека пратката бил адресирана на републиканскиот претседател Доналд Трамп, додека весникот The New York Times пишува дека е  испратена од Канада.

Службениците на безбедносниет агенции на почетокот од оваа седмица пресретнале писмо адресирано на претседателот Донадл Трамп, кое содржело рицин, отровна супстанција, објави во саботата CNN повикувајќи се од два извора во службите задолжени за внатрешна безбедност.

Американската Тајна служба, спроведува истрага и проверува други заштитени личноста за да открие дали можеби уште вакви пакети се испратени на други адреси, дознава CNN.

Како што се потсетува во прилогот, целата коресподенција која пристигнува на адреса на Белата куќа првично минува низ проверки надвор од територијата на главната резиденција на американскиот претседател. Инцидентот во моментов го истражуваат Федералното биро за истраги (FBI) и американската Тајна служба, задолжена за безбедноста на највисоките американски политички функционери и нивните семејства.

Според сознанијата на двата медиума, писмото е испратено од Канада, но неговиот испраќач сѐ уште не е приведен. Покрај тоа, изворите запознаени со случајот, изјавиле дека двата теста кои ги направиле безбедносните служни потврдиле присуство на рицин во пратката. Од FBI притоа само го потврдиле пресретнувањето на сомнителната пратка.

„Бирото, заедно со своите партнери Тајната служба на САД и Поштенската служба за истраги го испитуиваат сомнителното писмо добиено во поштенски објект на американската влада. Во моментов нема индиции дека постои закана за јавната безбедност“, се наведува во кусото соопштение на FBI објавено во саботата.

Рицинот е протеински отров од растително потекло, односно соединение кои се добива од семето на рицинус. Доколку биде проголтан, може да предизвика гадење, повраќање, внатрешно крварење на желудникот и цревата проследено со откажувања на органите и смрт. За рицинот не постои противотров. Се користи во облик на прав, стапчиња, чад или киселиснки раствор.

Ветеран на американската воена морнарица беше уапсен во 2018 година и притоа призна дека испратил коверти на адреса на претседателот Доналд Трамп и на членови на неговата администрација кои содржеле сусптанца од којашто се добица рицин.

Властите тогаш соопштија дека уапсениот Вилјам Клајд Ален Трети, ги испратил ковертите со мелен рицинус до претседателот, тогашниот директор на FBI, Кристофер Ври, тогашниот министер за одбрана Џим Матис, тогашната директорка на Централната агенција за разузнавање (CIA), Џина Хаспел адмиралот Џон Рочадрсон кој во тоа време беше на командната позиција во морнарицата, како и на секретарот за военото воздухопловство Хедр Вилсон. Пратките тогаш биле пресретнати, и немаше настрадани.

Во 2014 година маж од сојузната држава Мисисипи беше осуден на 25 години затвор откако на адреса на тогашниот американски претседател Барка Обама и други фисоки функционери испратил писма испрскани со рицин.