Правеле свадба со 70 гости, влегла полицијата во ресторанот настанал вистински хаос

86

На 21.11.2020 во 19.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во угостителски објект во с.Здуње, сопственост на Џ.Б.(59) од Гостивар, се одржувала семејна веселба.

Од полициски службеници било излезено на местото и во објектот биле затекнати околу 70 гости. Повикани биле и инспектори од Државен пазарен инспекторат и бил извршен увид.

По целосно документирање на случајот, против Џ.Б. ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 од Кривичниот законик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.