Правила за секс преку Интернет

Иако сме сите свесни за негативното влијание на Интернетот и бројните опасности кои се закануваат, сепак е одлично решение во моментите кога физички не можеме да бидеме со нашиот партнер кога е на пат, или ако е врска на далечина. Но и дружењето на Интернет има свои правила на игра.

Погрижете се и двајцата да бидете на безбедно место за он-лајн средба.Канцеларија или дневна соба низ која некој постојано некој поминува, не се добра идеја.

Подгответе се како да одите на прв состанок, облечете нешто за кое што знаете дека сака да го види на вас, играјти си со косата, бидете полни со самодоверба.

Создадете идилична атмосфера, изгасете го телевизорот, пригушете ги светлата, внимавајте да не претерате за да не ве видат, запалете свеќи, пуштете некоја секси музика.

Создадете напнатост и пред самата средба. Ако знаете дека не можете да се видете пред вечера, или во текот на денот, испратете некоја секси порака која ќе му ги открие вашите желби или испратете му некоја своја фотографија поради која ќе посака никогаш и да не заминал. Но, внимавајте фотографијата да биде пристојна колку тоа и да е возможно.