Правна поука за секој кој се спортиставува на „меџународна“

Денес, исто како и пред два дена, во полн сјај ќе ја видиме сета беда, очај, подчинетост и корумпираност во која се наоѓа македонското судство. Денес ќе слушнеме политичка пресуда која како правна поука ќе биде не за Груевски, туку за секого кој се спортиставува на „меџународна“ во спроведување на нивните планови и политики.

Ова денеска пред изрекувањето на пресудата за случајот „Тенк“ го предупреди политичкиот аналитичар Александар Пандов, додавајќи дека моментот е идеално одбран бидејќи само пред неколку дена јавноста дозна оти и уставно ќе добиеме ерга омнес решение за спорот со името, како и дека шефовите на дипломатиите на Македонија Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во Њујорк веќе ги договараат ситниците како тоа да го спроведат.

– И погодувате, ако Заев поради неговата сервилност и уценетост прифаќа и спроведува бришење и обезличување на Македонија и се македонско, го прогласуваат невин, Груевски поради противењето и отпорот кој го пружаше ќе ја добие првата, во низот на фактури од „меџународна“, а формално истата ќе биде прочитана од некој корумпиран судија. И во 2003 г. кога протестирав пред истиот суд против политичкиот прогон од СДС кон Ламбе и Војо знаев дека нема ништо да сменам во делот на судската пресуда, но и тогаш, а и денес знам дека со моето физичко присуство на протест пред судот ќе испратам порака до нарачателите и нивните овдешни спроведувачи дека сево ова нема да биде заборавено и ќе дојде време кога тие истите ќе треба да си платат за сиот зулум што ни го прават, напиша Пандов на својот Фејсбук профил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.