Правните норми не дозволуваат избори во јуни, како што сака Заев

Правните норми не го дозволуваат тоа, едноставно не може да испочитуваат сите рокови за подготовка на избори кои ќе се одржат во јуни, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во гостувањето на вестите на телевизија Канал 5.

Единствената стратегија која ВМРО-ДПМНЕ ја има е здравјето на граѓаните и ние од тоа нема да отстапиме. А јасно е дека избори во јуни нема да има, и законот тоа не го дозволува.

Според него, нереално е она што го говори челникот на владејалјата СДСМ, Зоран Заев е нереално.

„Знаеме дека ултиматуми на Заев се невозможни, иако од него се може да се очекува. Сепак единстен кој може да утврди датум за избори е претседателот на Собранието, а тоа нема да се случи ако нема консензус. Значи нема да распише избори. Доколку пак од СДСМ сметаат дека тоа може владата да го направи сама со уредба со законска сила и ако прават манипулации не верувам дека ќе го постигнат тоа“, рече Јанушев.