Правнукот на Мусолини во првиот тим на Лацио

66

Романо Флориани Мусолини, правникот на италијанскиот фашистички диктатори Бенито Мусолини, е повикан во првиот тим на Лацио, за неделниот дуел против Хелас Верона.

Флораини Мусолини, 18-годишен фудбалер кој игра на бековската позиција, во март годинава го потпиша својот прв професионален договор со Лацион, а произлегува од фудбалската школа на римскиот клуб.

Романо Флориани Мусолини досега настапувае за Примавера екипата на Лацио за играчи до 23 години, а апелираше да не биде осудуван по презимето.

Романо е трерото дете на Алесандра Мусолини, вкука на Бенито Мусолини, и нејзиниот сопруга Мауро Флориани. Алесандра Мусолини е поранешна пратеничка на Европскиот парламент и беше членка на партијата Напред Италија (Forza Italia), а неизиниот син ќе настапува за клубот кој важи за десничарски.

Групата екстремни навивачи на Лацио, познати како „Ултраси“, според медиумите се поврзани со крајната десница, а во текот на последните години на „Курва Норд“ („северната кривина“) на римскиот стадион „Олимпико“ се виореа неколку транспарентни кои изразуваат гордост поради фашистичкото движење.

Во 2005 година клупската икогна Паоло Ди Канио им упати фашистички поздрав на навивачите на Лациона, всушност испружената рака што историски е поздрав на римските легии, по победата против големиот градски ривал Рома. За тоа доби забрана за играње на што одговори „Јас сум фашист, а не расист“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.