Празникот на музиката по тринаесетти пат во Битола

Fête de la Musique познат и како Солстис- Светски ден на музиката, е музички фестивал кој се одржува секоја година на првиот ден на летото, 21 јуни.

Идејата за првпат била зачната во 1976 година од страна на американскиот музичар Џоел Коен и кој подоцна бил ангажиран од страна на Француската национална радио станица France Musique. Коен предложил цела ноќ музичка прослава на почетокот на летото, а идејата за првтпат се реализирала во 1982 година во Париз.

Денес се прославува ширум светот, а особено е во стотина градови во Франција, но и франкофонски градови долж Медитеранот. Целта е да се промовира музиката и на аматерските и на професионалните музичари, а од друга страна на публиката да и се понудат голем број на бесплатни концерти со различни стилови музика.

Битола како историски франкофонски град веќе 13 години го одбележува овој Ден, десетина отворени сцени долж „најмедитеранската“ улица во земјата-Широк сокак, со настап на десетици музичари од сите музички жанрови го празнува истиот. Настаните се на отворено , по примерот на европските градови.

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.