Пребројувањето на гласовите во Полска го потврди реизборот на Дуда

Досегашниот полски претседател Анджеј Дуда сигурно го освои вториот петгодишен мандат, покажуваат официјалните резултати објавени во понеделникот, кои ја потврдија негова тесна победа како што навестија во неделата излезните анети.

Полјаците во неделата гласаа во вториот круг одложените претседателски избори на кои се соочија досегашниот конзервативен претседател Анджеј Дуда поддржан од владејачката партија Право и справедливост (PiS) и либералниот градоначалник на главниот град Варшава, Рафал Тшасковски, поддржан од опозициската Граѓанска платформа.

Врз основа на 99,97 отсто од преброените гласови, Дидка добил 51,21 отсто од гласовите, а Тшасковски 48,79 отсто.

„Резултати од петте последните изборни единици кои се очекуваат нема да го променат конечниот резултат од изборите“, изјави на прес-конференција шефот на изборната комисија, Сивлестер Марциниак.

Првите честики за Дуда пристигнаа од Унгарија, земја која како и Полска е дел од Вишеградската група централеноевропски земји во којашто се уште и Чешка и Словачка.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави заедничка фотографија со Дуда и кусо на Facebook напиша „Браво!“. Шефот на дипломатијата Петер Сијарто, исто така, на социјалната мрежа објави порака во која потсетува на многу јасните изборни победи на конзервтивците во Хрватска и во Србија.

„Меѓународниот либерален ‘мејнстрим’ уште еденаш се обиде сѐ, но централноевропското крило доби со 3:0, напиша Сијарто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.