Пречекот на македонскиот херој ќе биде утре во 19.30 пред Триумфална капија (ВИДЕО)

Гордоста на македонската нација, таеквондистот Дејан Георгиевски, кој на Олимпијадата во Токио дојде во сребрениот медал, утре ќе се врати во Скопје.

Тој од Токио ги повика сите граѓани на прослава на овој голем успех утре во 19:30 часот пред Триумфалната капија во центарот на градот.

– Благодарам за поддршката кон мене и мојот тим. Од Олимписките игри донесов сребрен медал со златен отсјај. Ве повикувам утре, четврток во 19:30 часот на триумфална порта на плоштадот заедно да го прославиме овој успех – рече Георгиевски.

Владата денес донесе одлука за парична награда од 20.000 евра за македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски кој освои сребро на ОИ во Токио.