Најмалку 105 мртви во уривање на алжирски воен авион

Најмалку 105 лица загинале во уривањето на вониот авион во Алжир, од кои 26 од Западна Сахара, пренесува локалната телевизија En-Nahar, повикувајќи се на министерството за вонредни ситуации.

Претходно медиумите објавија дка авионот „ИЛ-76“ се урнал во земјоделскиот регион на покраината Блида околи 8 часот по локално врме. Авионот се урнал само неколку минути по полетувањето.

Телевизијата Al-Arabia, која се повикува на алжирски воен извор, пренесува дека во несреќата нема преживеани.

„Сто и пет лица загинаа, од нив 26 се припадници на Полисарио (Народниот фронт за ослободување на Западна Сахара – з.р.), како резултат на пад на вионото во Буфарик“, се наведува во информацијата на телевизијата објавена на нејзината интернет страница.

Првичните информации зборуваа за околу 200 луѓе, во несреќата во близина на алжирската престолнина Алжир. Авионот се урнал кусо време по полетувањето од воената база Буфарик, на лет кон градот Бечар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.