Пред 50 години снимена е „Македонија“ од Тајм со Дадо Топиќ

  • На 5 мај 1973 година снимена е една од најкултните песни на југословенскиот рокенрол, класика на групата Тајм и една од најубавите песни за нашата Македонија.
  • Автор е Дадо Топиќ а ја изведуваат тој (вокал и бас), Ведран Божиќ на гитара и Пецо Петеј на тапани.
  • Заради снимањето на оваа песна, Пецо не стигнал на сопствената венчавка закажана за истиот ден во Сплит. По телефон ја измолел сопругата Нада да договорат нов термин па се имаат венчано еден месец подоцна. Со Дадо Топиќ како кум.

Мајстори, од Македонија имате едно огромно и вечно благодариме.