Пред крунисувањето на Чарлс, Јужна Африка си го побара назад дијамантот од кралскиот жезол

Крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети повторно ги поттикна апелите од Јужноафриканската Република за враќање на најголемиот дијамант на светот, главниот камен во жезлото кое британскиот монарх ќе го држи на свеченоста во саботата.

Наречен „Кулинан Први“ (Cullinan I), по тогашниот управник на рудникот, познат и како „Африканска ѕвезда“ (Star of Africa), тежок 530 карати, пронајден е во Јужна Африка во 1905 година, додека била колонија на Обединетото Кралство. Две години подоцна тогашната колонијална власт му го подарила скапоцениот камен на британскиот крал Едвард Седми за неговиот роденден.

„Сите рудни богатства на Јужна Африка му припаѓаат на јужноафриканскиот народ, а не на британскиот дворец. Луѓето умирале, крв се леела за тие дијаманти да дојдат до Велика Британија“, изјави во четвртокот пратеникот Вујовету Зунгула, претседател на мала опозициска партија.

Дијамантот од 3.126 карати, е најголемиот дијамант некогаш ископан и тежел во сирова состојба 621 грам. Бил испратени во Амстердам и изрежен во два големи главна камена, во седум скапоцени камења и 96 брилијанти.

Многу од тие дијаманти денеска ја красат кралската круна, а другите биле разделени на другите членови на кралското семејство.

Од укинувањето на апартхејдот редовно се упатуваат повици до Лондон а го врати дијамантот, а тоа се случи и во текот на посетата на лани починатата британска кралица Елизабета Втора на Јужноафриканската Република во 1995 година.

„Сакаме да ги вратиме Африканската ѕвезда и сите дијаманти, златото и другите минерали коишто британската империја ѝ ги украде на Јужна Африка и тоа БЕЗ НАДОМЕСТ“, напиша на Twitter пратеникот Карл Ниехаус од владејачкиот Африкански национален конгрес (ANC) по смртта на кралица ланскиот септември.

„Не се плажа за враќањето на искрадените блага!“, е називот на онлајн петицијата со којашто се повикува кралот Чарлс Трети да ги врати сите дијаманти.

„Како Јужноафриканци, бараме враќање на нашите дијаманти за да бидат изложени во музеј“, стои, меѓу другото, во петицијата потпишана од илјадници луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.