Пред откажување и трката за Големата награда на Азербејџан

15
EPA/WALLACE WOON

Откако две трки се откажани а пет се одложени, календарот на Светското првенство во класата Формула 1 се сведе на 15 трки со почеток на сезоната на 7-ми јуни со Големата награда на Азербејџан на улиците на Баку, но многу веројатно е и дека ова натпреварување ќе биде одложено поради опасноста од ширењето на коронавирусот.

Според информациите на порталот motorsport.com, во понеделникот се очекува официјално соопштување од организаторите на трката којашто се одржува на улиците на азербејџанската престолнина.

Баку со одложувањето на ЕУРО 2020 за една година остана без четири големи натпревари, од кои еден требаше да биде четвртфиналето од континенталниот шампионат, па Големата награда остана единствениот голем натпревар во календарот на градот.

Од првичниот, најбогатиот натпреварувачки календар досега во Формула 1, веќе се избришани Големата награда на Австралина во Мелбурн и Големата награда на Монако во Монте Карло, а трките во Бахреин во Сахир, во Кина во Шангај, Холандија во Задвоорт, во Шпанија Ментмело и Виетнам во Ханој, сѐ уште се на чекање на можен нов датум за нивно одржување.

Доколку сезоната не започен на 7-ми јуни во Баку, следнито кандидат за отворање е Монтреал, каде на 14-ти јуни е предвидена Големата награда на Канада. Две седмици потоа треба да се одржи Големата награда на Франција во Ле Кастаје. Но доколку и двете земји забалежат раст на заболените од коронавирусот и тие се доведуваат во прашање. Франција го ограничи движењето на своите жители, а Канада ги затвори гранциите за сите патувањата, освен за неопходните.

Челниците на Формула 1 од календарот ја исфрлија вообичаената четиринеделан пауза во авгуист, за да се остави простор за уфрлување на одложените трки, но од седмица во седмица сѐ помалку е веројатно дека ќе бидат одржани и овие 15 трки кои сѐ уште не се откажани или одложени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.