Пред Самитот, Петков ја кажа моменталната позиција на Бугарија

Бугарскиот премиер, Кирил Петков во изјава за медиумите пред почетокот на самитот Еу-Западен Балкан изјави дека позициите на Бугарија ќе останат непроменети сѐ додека Националното собрание не го каже својот збор, пренесе „24 Часа“.

„Денеска ќе им кажам на сите државници на ЕУ – додека Националното собрание не донесе одлука, ставот на Бугарија останува таков каков што е“, изјави премиерот во оставка Кирил Петков пред самитот во Брисел.

Петков додаде дека тој ќе го одржи зборот дека парламентот, а не Советот на министри, ќе ја донесе конечната одлука.

„До пред две недели сите викаа – Премиерот сам ќе ја донесе одлуката, но не, парламентот мора да одлучи“, рече Петков.