Пред средбата кај Пендаровски власта притсика за избори за 21 или 28 јуни, а пандемијата не стивнува

257

Новите 14 дена вонредна состојба што ги прогласи Пендаровски истекуваат на 30 мај. Согласно владината уредба донесена на 21 март во врска со изборниот процес. „Спроведувањето на изборните дејствија ќе продолжи од денот на престанокот на вонредната состојба. Сите изборни дејствија кои се превземени согласно одредбите на Изборниот законик до денот на стапување на сила на оваа уредба се сметаат за важечки” стои во Член 5 од владината уредба со законска сила донесена на 21 март,

Според тоа, ако на лидерска средба не биде договорено некое друго решение, наспроти владината Уредба од 21 март за изборниот процес, ДИК веќе на 31 мај треба да утврди ревидиран роковник за спроведување на изборните дејствија. Следниот ден – на 1 јуни би почнала кампањата, а изборите би се одржале на 21 јуни.

Не е исклучено да се земат во предвид барањата на некои членови на ДИК за пролонгирање на овој рок со оглед на потребата од ажурирање на избирачкиот список па со оглед на тоа како датум за избори да биде утврден 28 јуни. Но, се прескокнуваат многу дејствија на ДИК и сакаат да се поминат туку така и се е коцкање, посебно ако се има предвид дека коронавирусот не стивнува, а според сегашниве движења најмалку до 15 јуни ќе треба простор за стивнување на пандемијата.

Во меѓувреме согласно договорт на лидерската средба одржана минатата недела обезбеден е Протоколот на Комисијата за заразни болести за спроведување на парламентарните избори добиено е мислењето на ДИК до претседателот Стево Пендаровски и обезбеден е позитивниот одговор што ОБСЕ го испратил до МНР за организирање на набљудувачката мисија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.