Предадени се Авганистанците кои ѝ помагаа на Британија, тврди „свиркач“

Само пет отсто од сите авганистански државјани коишто побарале помош од Авганистан во рамките на британската шема по талибанското преземање на власта во Кабул добиле помош, а некои останаа во земјата и биле убиени, тврди еден „свиркач“.

Рафаел Маршал, кој работел во Бирото за надворешни работи, Комонвелт и развој (FCDO) во текот на западната евакуација од Кабул на средината од август, раскажа дека во еден момент бил единствената личност која ја надгледувал пристигнатата електронска пошта на која стасувале молби од Авганистанци за помош. Владините јавни изјави за надежите дека талибаните се промениле не биле во согласност со информациите коишто ги добивал, тврди „свиркачот“.

Писмените докази на Маршал, според најавите треба подоцна во вторник да го објави Комитеот за надворешни работи, а неговиот претседател, конзервативниот пратеник Том Тугендат, изјави дека несупесите во евакуацијата ги „предадоа нашите пријатели и сојузници и ги прокоцкаа напорите на Британија и НАТО“. Евакуацијата ја опиша како „незаинтересираност, бирократија пред човечноста“.

Маршал работел за тимот кој се занимавал со специјалните случаи на Авганистанците кои биле во опасност поради нивните врски со Обединетото Кралство, но кои не работеле директно за британската влада.

Проценува дека на неговиот тим „меѓу 75.000 и 150.000 луѓе му се пријавиле за евакуација“, а „помалку од 5 отсто луѓе добиле каква и да е помош“. Наведува дека е „јасно дека некои од оние кои останале во меѓувреме биле убиени од талибаните“.

Вели и дека ниеден член од тимот кој работи на овие случаи не го „проучувал Авганистан, порано не работел во Авганистан, ниту имал детално знаење за Авганистан“. Маршал додава дека пониските функционери „се преплашиле бидејќи од нив се бараше да донесат стотици одлуки за животот и смртта за коишто не знаеја ништо“.

Неговите изјави доаѓаат во моментот кога претставниците на FCDO и амбасадорот за Авганистан, сер Лори Бристоув, во вторник треба да сведочат пред истражната комисија.

Маршал тврди дека тогашниот британски министер за надворешни работи Доминик Рааб „целосно не ја разбираше ситауцијата“, електронската пошта е отворана но ништо не е преземана. Мисли дека „целта на тој систем била да му овозможи на премиерот и тогашниот министер за надворешни работи да ги информираат пратениците дека нема непрошитени електронски пораки“.

„Впечатлив е контраст меѓу изјавата на владата на Нејзиното Височество за променетите талибани и големиот број многу веродостојни наводи за многу тешко кршење на човековите права коишто HMG преку електронски пошти“, додаде Маршал.

„Овие обвинувања се сериозни и навлегуваат во с’ржта на неуспехот на водството во авганистанската катастрофа, која ја видовме во текот на оваа истрага. Овие неуспеси ги предадоа нашите пријатели и сојузници и ги прокоцкаа децениите британски и напори на НАТО. Доказите коишто ги слушнавме зборуваат за нефункционалноста во британското министерство за надворешни работи и значителните пропусти во текот на наппорите за евакуацијата од Авганистан“, изјави Тугендат.

„Некои евакуацијата ја опишаа како успешна, но овие тврдења упатуваат на сосема поинаква приказна – приказна за недостиг од заинтересираност и бирократија пред човечноста. Се покажа дека тоа бил вистински тест за водството и ефикасноста на Форинг Офисот, со животите на многу многу наши пријатели и сојузници од другтие страни“, додаде Тугендат.

Портпаролот на британската влада истакна дека „персоналот на владата на Обединетото Кралство неумерно работело на евакуацијата на повеќе од 15.000 луѓе од Авганистан во рок од две седмици“.

„Ова беше најголемата мисија од овој вид со поколенија и втора најголемата евакуација коај ја спровела некоја земја. Сѐ уште работиме на тоа да им помогнеме на другите да заминат“, додаде.