Предбрачен договор меѓу Џоли и Пит, само нека се осмели да ја изневери

134

Една од најславните холивудски двојки Анелина и Бред Пит, неодамна се венчаа а претходно потпишаа и милионски предбрачен договор.Во случај Бред да ја изневери Џоли со друга жена, таа ќе го добие старателството над децата. Тоа е само една од интересните клаузули од предбрачниот договор на славната двојка.

Двојката е тешка 425 милиони долари и договорено е секој во случај на развод да го земе она што во бракот го донел. Парите кои ги заработиле додека биле во брак ќе ги уплатат во фондови на нивните деца.Освен што потпишаа предбрачен договор, потпишале и тестаменти во кој најголемиот дел од парите го наследуваат нивните деца.

Освен тоа актерката осигура и пари за истражување на рак на дојка. Се чини дека адвокатите jа наговориле Анџелина во договорот да се вклучи и клаузула за неверство затоа што Бред беше во брак со Џенифер Анистон кога влезе во врска со неа.

Па ако може да го направи еднаш, ќе го направи и вторпат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.