Предизборен молк во Србија почнува утре на полноќ

Предизборниот молк во Србија пред парламентарните избори ќе почне утре на полноќ и ќе трае до затворање на избирачките места, односно до 16 март во 20 часот, јави Танјуг.

Предизборниот молк подразбира забрана за изборна пропаганда, што е пропишано во Законот за избор на народни пратеници.

Во тој период забранета е изборна пропаганда преку средствата за јавно информирање, одржување собири и објавување проценки за изборни резултати, испраќање пораки до гласачи и поставување пропаганден материјал од партии на далечина помала од 50 метри од избирачкото место.

Правилата за изборен молк се однесуваат и на програми на електронски медиуми емитувани преку интернет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.