Предизвикал пожар во сопствената куќа во Берово во која било присутно неговото семејство

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Г.Д.(21) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 17.03.2023 во село Митрашинци, беровско, поради нарушени семејни односи, пријавениот предизвикал пожар во сопствената куќа во која било присутно неговото семејство, загрозувајќи ја нивната сигурност.