Предлогот за бенифиции при вработување на поранешни пратеници е непристоен и недостоинствен

Идејата пратениците да имаат предност при вработување во јавна служба по истекот на нивниот мандат е скандалозна, сметаат политичките аналитичари. Тие велат недозволиво е да се размислува за нови привилегии за народните избраници и покрај политичкиот контекст во кој доаѓа овој предлог, а тоа е оебзебдување на двотретинско мнозинство за конечно усвојување на уставните амандмани.

Според Сефер Тахири, ниту економските прилики не дозволуваат да се трошат дополнителни буџетски пари за плати за пратениците-административци.

Пратеници од собраниската група за реформи вчера предложиле да се донесе нов закон за подобрување на статусот на народоните избраници по истекот на мандатот.  Иако се тврдеше дека ова тело ќе  ги подготвува законите неопходни за преговори со Европската унија, сепак пред него се најде и овој закон.

Содржината на овој предлог е слична со работната верзија на Законот за Собрание од 2009 година. Тогаш идејата доби поддршка и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, но по рекации на јавноста предлогот беше повлечен.

Полесни услови за пензинирање пратениците си изгласаа во 2005 година, но Уставниот суд ги укина овие бенефиции за народните избраници.  Обид за повластен статус на народните избраници имаше и во 2002 година, но и тој беше неуспешен.