Предлогот за зголемување на акцизата за течните горива не треба да се прифати

Предлог за зголемување на акцизата на течните горива не треба да се прифати, туку да се размисли за делот од предлогот за изедначување на акцизата за екстра лесното гориво со таа ма дизелот, вели во изјава за Курир универзитетскиот професор Трајко Славески.

Стопанската комора на Македонија како пакет решенија за справување со економските проблеми кои се резултат на коронавирусот побара за два денари да се зголеми акцизата за безоловниот бензин и евродизелот, додека акцизата за екстралесно гориво да се изедначи со акцизата за дизел горивото.

-Со предложените мерки, во просек во државниот буџет, по основ на акцизи и ДДВ од продажбата на нафтените деривати, на месечно ниво би се прибрале средства поголеми за 3,8 милиони евра, односно 46,2 милиони евра на годишно ниво, велат од Стопанската комора на Македонија.

Практично, со ваквата мерка транзициските профитери, сега замаскирани со наводна иницијатива на Стопанската Комора, повторно сакаат да удрат по грбот на народот, односно се фалат дека донирале сума од околу еден милион евра, а во суштина со предложената мерка за зголемување на акцизата од народот сакаат да земат околу 42 милиони евра.

Во изјава за Курир, универзитетскиот професор Трајко Скавески вели дека не треба да се прифати овој предлог за зголемување на акцизата на течните горива, туку да се размисли за делот од предлогот за изедначување на акцизата за екстра лесното гориво со таа ма дизелот.

-Ме чуди што овој предлог доаѓа од Стопанска комора на Македонија, ако се има во вид дека ваквата мерка ќе значи зголемување на трошоците на претпријатијата кои се и самите членки на оваа комора. Мислам дека не треба да се прифати овој предлог за зголемување на акцизата на течните горива, вели Славески за Курир.

Тој исто татка додава дека единствено може да се размисли околу делот од предлогот за изедначување на акцизата за екстра лесното гориво со таа ма дизелот бидејќи таму се прават големи малверзации и државната каса е во континуитет оштетена.

-Единствено треба да се размисли за делот од предлогот за изедначување на акцизата за екстра лесното гориво со таа на дизелот. Овде се прават големи малверзации и државната каса е во континуитет оштетена за значително приходи по овој основ, појаснува Славески.

Инаку како што претходно објавивме доколку, повторно дојде до зголемување на акцизата како што впрочем бараат и од стопанската комора на Македонија и тоа за време на големата пандемија која што завладеа со целиот свет, практично власта признава дека нема доволно средства во буџетот, а истиот повторно ќе го полни на грбот на народот, кој што најмногу ја чуствува кризата од пандемијата.

Практично, со ваквата мерка транзициските профитери, сега замаскирани со наводна иницијатива на Стопанската Комора, повторно сакаат да удрат по грбот на народот, односно се фалат дека донирале сума од околу еден милион евра, а во суштина со предложената мерка за зголемување на акцизата од народот сакаат да земат околу 42 милиони евра.