
Огромна заинтересираност и предложени 458 проекти од страна на граѓаните за само еден ден низ општините каде градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека промените се случуваат, информират преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните ги креираат буџетите на општините според своите потреби и приоритети и со тоа директно учествуваат во создавање на подобар локален економски развој.
ВМРО-ДПМНЕ има отворен пристап во решавање на проблемите на граѓаните преку исполнување на ветените проекти.
Промените се видливи, граѓаните забележуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ги отвора своите врати за сите граѓани кои сакаат да понудат реални и издржливи проекти.
Ова е првпат граѓаните да бидат вклучени во креирање на своите општински буџети и самите да одлучат за кои и какви проекти ќе се трошат нивните пари.
Секој предлог и идеја ќе бидат разгледани, затоа ги охрабруваме граѓаните да ги посетат општинските згради и денес од 11 до 14 часот.
Воедно, оние граѓани кои нема да можат да присуствуваат и да ги дадат своите предлози, тоа може да го направат и следниот викенд на 10 и 11 декември, или пак на веб страната budzet.mk
Стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ е парите на граѓаните да се трошат за инвестирање во нови проекти, повеќе паркови и зеленило, училишта, патна инфраструктура, канализациони и водоводни мрежи, подобрување на квалитетот на живот и создавање на убави и средени општини кои ќе бидат рамо до рамо со европскоте општини.
ВМРО-ДПМНЕ покажа дека преку посветеност, визија и работа може да се врати надежта кај граѓаните.
Предложи твоја идеја за промена и биди дел од промените кои носат иднина. Создади нова иднина, стои во соопштението на партијата.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.