Предлозите, проектите и идеите на штипјани ќе бидат вметнати во програмата и буџетот за 2022-ра, порача градоначалникот Јорадновна

Од денеска до 5-ти декември, граѓаните на Општина Штип можат да даваат предлози, проекти и идеи, кои ќе ги инкорпорираме во нашите програми и буџет за 2022 година.

Апелирам, сите кои сакаат да учествуваат во креирањето на локалните политики, да ја отворат веб страницата www.novaidninazastip.mk, каде може да даваат предлози и да гласаат за најинтересните, при што прворангираните десет ќе влезат во нашиот план за 2022 година.

Современата технологија ќе ја користиме за максимална вклученост на граѓаните во процесите на одлучување, пишува во својата објава на Фејсбук градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.