Предлозите за нови министри доставени во Собранието

Предлозите на премиерот за освежување на владиниот кабинет и назначување на нови  министри и заменици министри во некои министерства стигнале до Собранието. По архивирањето на предлозите од законодавецот, тие мора да бидат обработени и да се стават на дневен ред за гласање на пленарна седница.

Нина Ангеловска е номинирана за функцијата министер за финансии.Таа е извршен директор и ко-основач на платформата Групер, има 31 година, дипломирала на Универзитетот Свети Кирил и Методиј. Ангеловска на листата на „Форбс“  е меѓу 30 најуспешни претприемачи на возраст под 30 години.

Алсат М денеска извести дека Ибрахим Дехари ќе биде нов министер за странски инвестиции. Тој доаѓа на местото на разрешениот Зоран Шапуриќ. Дехари е кадар на ДУИ, бизнисмен. Потекнува од селото Гајре, а во моментов е професор на Тетовскиот универзитет.

На позицијата заменик-министер за образование е номинирана Елизабета Наумовска, професорка по физика, а на позицијата заменик-министер за економија Кире Колемишевски, дипломиран на Универзитетот Свети Кирил и Методиј на Правниот факултет. На оваа позиција доаѓа од Македонската банка за поддршка на развојот. Меѓу предложените имиња е и Неџат Мехмедовиќ за заменик-министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Последните измени во владиниот кабинет беа направени во јуни со замена на неколку министри. Позицијата министер за финансии оттогаш беше испразнета.