Предметот историја се спојува со географија, а биологија со физика и хемија

Нема ништо спорно со спојувањето на предметот историја во општествени науки, исто како што биологија и хемија се интегрираат во природни науки, истакна министерката за образование и наука, Мила Царовска, на денешната прес-конференција.

– Основното образование е базата на образованието и затоа промените ги започнуваме токму од овде. Новата концепција ќе значи повеќе време во училиште, помалку предмети, односно спојување на повеќе предмети во еден, повеќе интеракција помеѓу наставниците и учениците. Ваквата концепција е развојна и се темели на анализа на концепции кои даваат одлични резултати. Апелирам до учениците и до наставниците да ги следат реформите, ќе биде овој концепт детално објаснет во јавноста. Станува збор за модел кој наликува на тој во Финска, па оттаму доаѓаме до училиште кое ни овозможува да учиме – рече Царовска.