Предок на британскиот принц Вилијам може да стане светец

Англиски католички свештеник од XIX век, далечен роднина на британскиот принц Вилијам, е на пат да стане светец, соопшти Ватикан.

Ватикан во саботата извести дека папата Франциск ги призна „херојските доблести“ на Џорџ Спенсер, свештеник на пасионскиот верски ред кој живеел од 1799 до 1864 година. Спенсер, која ја напуштил Англиканската црква, го земал името „Ингациј на Свети Павле“ откако станал католички свештеник.

Пронцевтие Вилијам и Хари се во роднинкса врска со Спенсер преку нивната мајка Дијана Спенсер, покојната принцеза од Велс, кој загина во 1997 година.

Спенсен бил праправујко на Дијана, а воедно и правујко на воениот британски премиер Винстон Черчил, се наведува на веб-страницата на римокатоличката бискупија во Шрусбери. Растел на имотот на предците на Спенсер во Алторп каде што е погребена Дијана.

Откако се замонашил во Рим, Џорџ Спенсер се вратил во Англија и се грижел за сирмашните ирски мигранти во Вест Мидлендс. Пасионскиот верски ред во Обединетото Кралство со децении работи на наоѓање приќини да биде прогласен за свет, истражувајќи ги неговиот живот и списи.

Потегот на Папата значи дека Спенсер сега го добива статусоат „слуга Божји“. Неговата канонизација сѐ уште е во раната фаза. На Спенсер би морало да му се припише едно чудо за да биде прогласен за блажен и уште едно за да стане светец. Чудото обично подразбира медицински необјасниво оздравување на некое лице.

Според учењето на Римокатоличката црква само Господ прави чуда, но светските за кои се верува дека се со Бог на небото, се заземаат за луѓето кои им се молат.