Предупредување дека убиството на ал-Завахири може да поттикне антиамериканско насилство

Неодамнешната ликвидација на лидерот на исламистичката терористичка мрежа Ал Каеда, Ајман ал-Завихири, со дрон во американска антитерористичка операција водена од Централната разузнавачка агенција (CIA) во авганистанската престолнина Кабул, би можела да поттикне напади врз американски објекти и граѓани, предупреди Стејт департментот.

„По смртта на ал-Завахири, приврзаниците на Ал Каеда или терористички организации поврзани со неа бои можеле да се обидат да нападнат американски објекти, персонал или граѓани… Министерството за надворешни работи верува дека постои поголем потенцијал за антиамериканско насилство имајќи ја предвид смртта на Ајман ал-Завахири на 31-ви јули 2022 година“, се нагласува во објавата на Стејт департментот.

Американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот потврди дека Египќанецот Ајман ал-Завахири е убиени во американски напад во неделата утрото пред една седмица во нападот во Кабул. Оцени дека станува збор за најголемиот удар врз оваа милитантна групација по американската ликвидација на нејзиниот основач и идеолог Осама бин Ладен на 2-ри мај 2011 година во пакистанскиот град Аботебад.

„Правдата е задоволена и овој терористички водач повеќе го нема… Нашите разузнавачки служби го лоцираа Завахири на почетокот од годината., Авганистан никогаш повеќе нема да биде засолниште за терористите“, рече Бајден во обраќањето од Белата куќа додавајќи дека немало цивилни жртви но не прецизираше колку лица покрај ал-Завахири се убиени во таа операција.

Египќанецот по потекло Ајман ал-Завахири официјално е водач на Ал Каеда и поренешен влијателен член и лидер на исламистички организации кои во минатото организирале и изведувале терористички напади во Северна Америка, Азија, Африка и на Блискиот исток. Ал-Завахири беше вториот и последен ткн „емир“ на Египетскиот исламски џихад, често беше нарекуван „десната рака“ на Осама бин Ладен, чии биографи го опишуваат и како „вистинскиот мозок“ на Ал Каеда.

Ал-Завахири, за чија глава САД распишаа награда од 25 милиони долари, неколку децении бил главниот идеолог на Ал Каеда, но никогаш не го врати статусот кој ги имаше под водство на Осама бин Ладен. Египетскиот окулист имал клучна улога во нападите во 1998 година врз амбасадите на САД во Кенија и Танзанија со стотици жртви, како и во оној од 11-ти септември 2001 година, најголемиот терористички чин на американска територија со околу три илјади жртви.

Но во деценијата во којашто 71-годишниот ал-Завахири ја водеше Ал Каеда, не успеа да ѝ ја врати моќта, а лидерството во џихадистичките движења го презема нејзиното поранешни ирачко крило за кое организацијата стана „недоволно милитантна“ и се нарече Исламска држава прогласувајќи „калифат“ на големите освоени територии во Ирак и соседна Сирија.

Иако разнавачките аналитичари сметаа дека ал-Завахири станал престар и немоќен, имало перцепција дека се обидува да ја престрои Ал Каеда во партнерство со талибаните, откако тие во август минатата година се вратија на власт без борба по хаотичното повлекување на САД и сојузниците од Авганистан.