Предупредувачки штрајк на вработените во културата

Синдикатот на култура во вторник, на 24 декември, ќе организира предупредувачки штрајк, поради непотпишување на колективен договор, кој се чекал една и пол деценија.  Штрајкот ќе се одвива во просториите на установите и значи целосен прекин на работата на вработените носители на дејност, помошно-технички персонал и административен кадар. Како што велат од СКРМ, штрајкот е со од предупредувачки карактер и ќе трае еден ден, а по завршувањето на новогодишните празници ќе се радикализира и ќе трае до целосно исполнување на барањата на штрајкувачите.

Како што информираат од Синдикатот, рокот за одговор на Министерството за култура на доставената намера за штрајк истекол вчера.

„Од нивна страна не добивме никаков одговор, па Советот на СКРМ одлучи да ја активира последната правна алатка. Ги повикуваме сите вработени да ни се приклучат, а директорите на институциите да застанат во одбрана и поддршка на нашата борба за остварување на нашите работнички права. Културата е темелна вредност на секоја држава и таа не смее да биде маргинализирана, игнорирана и понижена“, се наведува во соопштението на СКРМ.