Предвелигденски духовен концерт на хорот ,,Св. Благовештение“

Градскиот црковен хор ,,Св. Благовештение“ ќе одржи предвелигденски духовен концерт во киното Мис Стон во Прилеп, в понеделник во 19.30 часот. Концертот е традиционален и години наназад го реализира ЦК ,,Марко Цепенков“.

Градскиот Хор „Свето Благовештение“ е формиран во 2000 година. Во својот музички репертоар хорот се определува за негување на македонската духовна традиција, при што, покрај прилепскиот композитор Атанас Бадев, обработува и композиции кои се дел од музичкото творештво на останатите православни земји.
Хорот досега учествувал на повеќе манифестации и Фестивали каде успешно ја презентира духовната традиција на својот град. Најзначајни од нив се Фестивалот „ТЕ-ХО“ – Тетово и Манифестацијата „Денови на Јустинијан I“ – Скопје.
Хорот редовно учествува на Светите и Божествени Литургии во двата прилепски храма ,,Свето Благовештение,, – Стара Црква и ,,Св. Кирил и Методиј,, – Параклис, каде со своето пеење ја збогатува молитвеноста и благолепието на православната богослужба.