5.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Предвидениот Буџет е целосно нефункционален, предупреди Пренџов

Предложениот Буџет е нефункционален, односно не е суштински, поради тоа што во него се предвидени ставки кои не само што не се реални, туку немаат допирна точка со потребите и проблемите на граѓаните, оцени Љупчо Пренџов во текот на денешната седница на Собранието посветена на Буџетот за 2021 година предложен од парламентарното мнозинство.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија”,  кој зборувашеПренџов исто така посочи дека Владата неколкупати наназад истакнала дека помогнала во земјоделието, лозарството, сточарството, а граѓаните не само што не ги виделе тие пари, туку и не можат да добијат одговор каде се воопшто парите, ако веќе постојат.

„Настрана од ветувањата кои не се исполнети во однос на земјоделството, лозарството, сточарството, не се исполнети ниту ветувањата во однос на автопатите, железниците, како и уште еден куп проекти кои постојат само на лист, а никаде во реалноста”, истакна Пренџов.

Псосчи дека пратениците не се присутни само за да се гласа Буџетот, туку истиот да се разгледа, да биде од полза на граѓаните и да биде функционален.

„Затоа, Буџетот треба да има име и презиме, затоа што сите знаеме кој е предлагачот на буџетот, а не пратениците на СДСМ да штитат нешто за коешто ниту имаат информација, ниту пак знаат Буџетот дали е функционален. Единствено нешто кое СДСМ знае да го вклопи во Буџетот се партиските вработувања, односно ситуирањето на партиските кадри кои го држат за врат Зоран Заев„, заврши Пренџов.