Предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година.

Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година.

Се препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.03.2023 година.

Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:

за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.03.2023 година (вторник); за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2023 година (среда); за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2023 година (четврток) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2023 година (петок).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.