Предвремени избори октомври догодина или напролет?

299

Предвремени избори наесен во октомври или пак напролет мај или април. Власта и опозицијата со свои предлози кога да се излезе на предвремено изборно соочување.

Октомври догодина е терминот што премиерот Зоран Заев го нуди за одржување на предвремени парламентарни избори, додека лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред недела дена изјави дека „април е симпатичен термин за избори“.

„Ако опозицијата сака предвремени избори, тие можат да бидат одржани во октормври 2020 година“, изјави Заев денеска од Куманово.

Во понудата на Заев, ВМРО ДПМНЕ гледаат разумна основа за разговор.

„Очигледно е дека под притисок на јавноста по многубројните скандали власта која што е во паѓање го прифаќа предлогот на опозицијата за предвремени парламентарни избори. А, тоа што се однесува за понудениот термин за октомври догодина, се чини како разумна основа за разговори со власта на таа тема“, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Според познавачите, власта и опозицијата најверојатно ќе се најдат на средина од датумите што ги предлагаат односно изборите би се одржале во јуни следната година или шест месеци пред редовниот термин во декември 2020.

Се очекува конечниот договор како за предвремени избори, така и за Законот за јавно обвинителство, но и за пописот да се постигне на лидерска средба којашто би се одржала кон крајот на август, кога истекува рокот за договор за решението за СЈО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.